Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид информираат дека планираното авионско прскање кое беше најавено заденеска од страна на Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство се одложува поради неповолни временски услови.
Запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период,за што граѓаните ќе бидат повторно известени, велат надлежните.
Во меѓувреме, во здравствените установи во градот и натаму се јавуваат пациенти кои се жалат на алергиски реакции како последица на зголемениот број на таканаречената бела пеперутка.
Биолозите објаснуваат дека се работи за автохтона пеперутка од видот „Euproctis chrysorrhoea“ која ја има во Охридско и во Македонија, и дека оваа година од засега непознати причини таа е пренамножена.
OhridNews