Поради не присуство на законски потребниот број акционери, вчера не се одржа закажаното Собрание на акционери на АД ЕМО – Охрид. 

На Собранието се очекуваше да биде направено преструктуирање на акциите на компанијата за да се овозможи нејзина продажба на пазарот.

Доминантен сопственик на акции во ЕМО е државата која поседува 60 отсто од капиталот на компанијата.

Владата неодамна  најави дека ќе ги преземе долговите на ЕМО во висина од 7 милиони евра и дека ќе распише нов, трет тендер за продажба на некогашниот стопански гигант во кој има 2300 вработени.

Ohridnews