Одложениот ракометен квалификациски натпревар помеѓу Белгија и Македонија за пласман на машкото ЕП во Австрија в година ќе се игра на 6 јуни во 20 часот во Херстал, информираа од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Овој меч требаше да се игра во крајот на март, но македонската машка ракометна репрезентација мораше да го одложи поради тоа што не можеше да полета од скопскиот аеродром поради снег.

Јунските квалификации почнуваат токму
со гостувањето кај Белгија, потоа Македонија дома игра со Норвешка (10
јуни), на 13-ти е возвратниот меч со Белгија, потоа и гостувањето во
Исланд (17 јуни), а квалификациите завршуваат со мечот пред домашната
публика со Норвешка на 21 јуни.

Најдобрите македонски ракометари се во групата 3, заедно со Исланд, Норвешка, Естонија и со Белгија. Само првите две селекции ќе се пласираат на завршницата на ЕП. По три натпревари, Македонија е четврта во групата.

ohridnews