Италијанските власти презедоа драстични безбедносни мерки и ги одложија сите спортски збиднувања во северниот дел од Италија поради смрта на едно лице (78 години) од „Коронавирусот“.
На удар се најдоа фудбалските и одбојкарските натпревари. Во Серија А одложени се средбите Аталанта – Сасуоло, Верона – Каљари односно Интер – Сампдорија.
Медиумите од Апенините информаат дека заразени со смртоносниот вирус се 18 лица, а дури 50 000 жители во градовите од северниот дел од Италија мораат да ги почитуваат мерките. Училиштата се затворени за да се избегне ширење на вирусот кој најзастапен е во Кина.
OhridNews