И покрај тоа што беше најавено дека спортските натпревари од домашните првенства закажани за денеска ќе се одиграат во редовниот термин, тие нема да се одржат бидејќи денешниот 17 октомври е Ден на жалост поради трагичната смрт на македонскиот “ангел“ Тоше Проески .

Денешните натпревари се одложуваат за утре а ќе започнат со едно минутно молчење и без музика. Во Билјанини Извори со почеток во 18 часот АМАК СП ќе игра против Вардар.

На остантите терени Пелистер – Струмица , Карпош – Соколи ,Маврово – МЗТ , а слободен е тимот на Работнички .