Двете професионални организации во тенисот АТП (машка конкуренција) и ВТА (женска конкуренција) со заедничко соопштение објавија дека се стопирани сите активности до 7 јуни, поради опасноста од коронавирусот.
Стопирањето значи дека сезоната на земја нема да се одигра според планот. Двете организација најавија дека поените на рејтинг листите остануваат „замрзнати“.
Предизвиците кои ги носи пандемијата на КОВИД-19 на професионалниот тенис бараат соработка на сите во нашата заедница. Ги разгледуваме сите опции да го зачуваме тенискиот календар оваа сезона. – стои во сооштението од АТП и ВТА.
Одложувањата во „белиот спорт“ дојдоа откако грен слен турнирот во Франција Ролан Гарос од мај се презакажа за септември, веднаш после УС Опен.
OhridNews