Викендов нема да се игра првенствен фудбал во Македонија.

Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спирковски, поради лошите временски услови ги презакажува првенствените натпревари од 21-то коло од 1-та МФЛ и 16-то коло од 2-та МФЛ за наредната недела, т.е. за 20  и за 21 март 2010г.

За очекување е и натпреварите во пониските лиги да бидат одложени.