Поради обилните врнежи и неповолните временски услови одложени се полуфиналните пресметки на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“.

Натпреварите од полуфиналето според истиот распоред ќе се одиграат утре, а финалната разрешница на турнирот е закажан за 12 јули.

Во полуфиналето силите ќе ги одмерат Пекара Лихнида – Инсомниа (21ч ) односно Ланч бар Пиколо – Ресторан Бриони (22ч).

Наградата за шампионот на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“ изнесува 70 000 денари, а вкупниот награден фонд изнесува 120 000 денари.

OhridNews