Пријателските средби кои требаше денеска да се играат на СРЦ Билјанини Извори се одложени.Лошите временски услови како и “неспосонбоста“ на теренот на спортски да го издржи теретот ги оставија екипите без контроли.  Металург беше принуден да го одложи мечот со Напредок, додека лидерот во првенството Ренова го откажа мечот со Охрид.


Метлург утре го напушта Охрид, а од планираните пет одигра само три натпревари. Истата судбина ја снајде и Ренова која пак до среда е во Охрид. “Гипсарите“ одиграа само еден натпревар , додека два одложија. Ниту Тетекс немаше среќа со контролите. Тетовци од планираните четири одиграа само две.

Поради лошите временски услови и Милано се откажа од мини- подготовките во Охрид.

М.П.