Силниот снег и мразот се причина што голем број од натпреварите во Англија се одложени овој викенд.
И покрај тоа што поголемиот дел од фудбалските арени, пред се на клубовите од Премиерлигата, главно се опремени со подземно греeње на тревникот, студеното време и врнежите од снег не дозволуваат создавање на услови за редовно продолжување на шампионатот.
Фудбалската Асоцијација на Англија веќе потврди дека дербито во Премиерлигата на “Енфилд” помеѓу Ливерпул и Тотенхем нема да се игра викендов, како и дуелите Хал-Челзи, Фулам-Портсмут, Барнли-Стоук, Сандерленд-Болтон.
Покрај мечевите во Премиерлигата, одложени се голем број натпревари во конференциските лиги во Англија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com