Лошите временски услови на Островот повторно влијаеја неколку мечеви во англиските и шкотските лиги да се одложат. Меѓу мечевите кои се одложени, а беа планирани за денеска, се наоѓа и натпреварот од 22 коло во Премиер лигата меѓу Портсмут и Бирмингем.


Имено, поради големата количина на снег во претходните денови теренот на стадионот “Фретон Парк” во Портсмут е до таа мера натопен со вода, што на него е невозможно да се игра фудбал, па поради тоа мечот е откажан.

Ohridnews