Викендов кој измина не се одигра ниту еден натпревар во Третата македонска фудбалска лига југо-запад и Општинската фудбалска лига поради обилните врнежи на снег и лошите временски услови.
Мечевите се презакажани за следниов викенд. Во Трета лига на програмата се мечевите од 15-та рунда додека во Општинската фудбалска лига ќе се одиграат натпреварите од петтата рунда.
Одложени мечеви поради истити причини имаше и во двете Втори лиги. Одложените натпревари ќе се одиграа среда (утре), со почеток во 15 часот.
OhridNews