Викендов нема да се играат мечеви во Третата македонска фудбалска лига југо-запад и Општинската фудбалска лига.
За одложувањето на редовната рунда е новата мерка од Владата и Комисијата за заразни болести сите играчи, лицата од стручните штабови и логистиката задолжително да се тестираат пред секој натпревар. Екипите во Третата МФЛ југо-запад и ОФЛ сами не можат да ги покријат трошоците за тестирање и одложувањето останува единствена опција.
Дали одложувањето ќе значи и крај на првенството ќе видиме, но никој не посакува таква опција, бидејќи сезоната е во полн ек.
OhridNews