Денеска, на терените во Македонија нема да се одиграат преостанатите мечеви од првата рунда од втората етапа во Првата лига, откако натпреварувачката комисија ги одложи натпреварите. Причините се обилните врнежи на снег.
Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), петте одложени мечеви ги закажа за следниот викенд, на 21 февруари. Вчера, во Струмица се одигра дуелот помеѓу Академија Пандев и Работнички, кој им припадна на гостите со 0-1.
OhridNews
Фото: Архива
Прва МФЛ: Голманот на Академија Пандев му поклона гол и три бодови на Работнички (видео)