Новите мерки и протоколи за спортски настани од Комисијата за заразни болести направи голем проблем за и во македонскиот спорт. Комисијата наложи целокупната екипа на сопствен трошок да се тестира 72 часа пред официјален натпревар.

Фудбалските клубови од македонската Прва и Втора лига експресно реагираа, а Комисијата за натпреварување во рамките на Фудбалска федерација на Македонија ги одложи мечевите кои требаше да се одиграат викендов.

Одложените мечеви од 11-та рунда во Првата лига и 10-та рунда во Втората лига ќе се одиграат следниот викенд. Прволигашките натпревари ќе се одиграат на 7 ноември (сабота), а второлигашките в недела на 8 ноември.

Третите и Општинските лиги исто така се прекинати и најверојатно нема да продолжат, се додека на сила се новите мерки и протоколи од Комисијата за заразни болести.

OhridNews