Бараж натпреварите за влез во Третата лига во југо-западниот регион каде се наоѓаат Лакочереј и Сатеска се одложени.


Причината за одлужувањето на мечевите кои требаше да се одиграат викендов што доаѓа е реагирањето на Општинскиот сојуз од Македонски Брод.

Преставник на ОФС од Македонски Брод пред да бидат излечени двојките за баражот побарал и победникот од тамошната Општинска лига да биде дел од баражот.

– Управниот одбор од Третата македонска фудбалска лига уредно минатата година го покана Општинскиот фудбалски сојуз од Македонски Брод да биде дел од баражот, но тогаш тие одбија и ние така го усвоивме. Одново УО во Третата лига ќе одлучува за нивното барање, но за сега сите ние остануваме на истиот став. – информираа од ОФС Охрид.

Управниот одбор ќе заседава во сабота во Струга, а ако се потврди ждребката од претходно бараж мечевите ќе се одиграат во понеделник и вторник.

Мх.П.