Центар за култура „Григор Прличев“
Од 02.12.2023 - 20:00 до 02.12.2023 - 22:00
Одложената кино проекција на новиот македонскиот филм „Лена и Владимир” е презакажана за во сабота 02.12.2023 година, со почеток во 20.00 часот.
Од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид информираат дека претходно купените карти ќе важат, а за тие кои немаат купено истите може да се набават на билетарата по цена од 150 денари.
Инаку, станува збор за филм во кој судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.
OhridNews