Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) го пролонгираше стартот на првенството во Втората лига кое требаше да започне викендов.


Со одлужувањето на стартот од шампионатот се пролонгираше и официјалното деби на кошаркарите пред охридската публика. Кошаркарскиот клуб одигра неколку тест средби, но сите тие беа на гостински терен.

Причините за пролонгирањето е ненавремената уплата на дел од екипите на потребната котизација која е неопходна за почеток на првенството.

Инаку, Охрид во првата рунда требаше да се сретне со тимот на Борец Баскет во „Билјанини Извори“, но ќе има ново извлекување и нов распоред.

Ohridnews