Советот на Министри на Европската Унија денеска во Брисел ја одложи одлуката за доделување датум за преговори со Македонија поради грчкото противење. Во заедничката изјава на Советот се наведува дека препораката на ЕК одредувањето на датум за почеток на преговори за членство на Македонија, ќе се разгледува за време на идното шпанско претседателство со Унијата, јави радио слободна Европа. Како што е познато, иден 6 месечен преседавач од 1 Јануари 2010 е Шпанија.
Министрите на ЕУ ја истакнаа потребата за решение на проблемот за името и за одржување добрососедски односи. Тие го поздравија и позитивниот развој на односите меѓу Грција и Македонија. Во заедничката изјава се поздравува реформскиот прогрес на Македонија, особено во борбата протв корупцијата, а се повикува земјата да обезбеди независност на судството.
Во претходниот нацрт текст за Македонија на Советот на министрите се наведуваше дека на ова прашање министрите ке се вратат во Март 2010 година и дека тогаш ке се воспостави датум за преговори.
Според дипломатски извори на Ројтерс, Атина навела дека нема да ја симне блокадата се до одржувањето на претседателските извори во Март 2010. Франција која сакала одложување на натамошно проширување на ЕУ по Хрватска и Исланд, ја подржала Грција и во знак на солидарност зад која застанал и Кипар, ја пренесува Ројтер изјавата на министерот за надворешни Пјер Лелуш. Шведска, Велика Британија, Полска, Австрија, Словенија, Словачка, Чешка и Италија биле меѓу земјите кои се залагале за почеток на разговорите со Македонија.
Одредувањето на некаква временска рамка допринела до жестока кавга меѓу заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас и шефот на шведската дипломатија Карл Билд , јавуваат медиумите.
По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид Сто...
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри з...
Доктори специјализанти од Охридско-струшкиот регион ќе бидат вработени во Општата болница Охрид со цел надминување на проблемот со недостиг на лекари Како што информираше директорот на Општата болн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.