Од општина Охрид денес информираа дека поради најавеното влошување на временските услови, манифестацијата  „Ден на идеи“ која требаше да се одржи утре, на охридскиот плоштад ќе биде се одлжена. За новиот термин на одржување на манифестацијата, јавноста дополнително ќе биде информирана.

Организирањето на оваа манифестација има за цел да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани и локалната власт и да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.

OhridNews