По куса расправа членовите на Советот на општина Охрид денека ја одложија деветтата седница. Претходно ионака обемниот дневен ред од 19 точки беше проширен за уште десетина, главно од областа на урбанистичката сфера.

Во текот на расправата беа усвоени пет предлог одлуки и три иницијативи, меѓу кои и таа локалната самоупправа да го поддржи хуманитарниот концерт на пијанистот Симон Трпчевски кој ќе се одржи на 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

Како што информираа од локалната самоуправа, терминот за продолжението на деветата седница ддополнително ќе биде утврден.

Ohridnews