Заради преземените неопходни безбедносни мерки и активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека највената акција за подигање кабаст отпад за ден 27.09.2024 год.(петок) од У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на ден 30.09.2024 год.(понеделник).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

Отпадот, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews