Последниот натпревар на охриѓани во регуларниот дел од Супер лигата со Металург Јуниор е одложен по барање на гостинската екипа. Мечот во Охрид, кој требаше да се одигра в сабота е презакажан за деветти април.
Повеќето ракометари од составот на Металург Јуниор се дел од македонската кадетска и младинска селекција и моментално се подготвуваат за следните противници.
Со тој меч ќе се спушти завесата во првата фаза во Супер лигата, а потоа почнуваат натпреварите од втората фаза кои се за опстанок и титулата во македонскиот ракометен шампионат.
Мх.П.