Поради отсуство на дел од адвокатите на обвинетите, вчера во Основниот суд во Струга беше одложено првото рочиште од судскиот процес за трагичната смрт на д-р Јосиф Докоски, д-р Киро Ѓоргоноски и Јоско Кувенџиески, кои загинаа од струен удар на див шанк во комплексот Пливалиште.


Причина за смртта на тројцата граѓани според истрагата била непрописно изведена инсталација, за што на одговорност се повикани сопствениците на шанкот. Цвете В. , Климе М. и Гоце Ј. се товарат за  предизвикување тешки дела против општата сигурност.

Судскиот процес се очекува да отпочне во текот на месецов.


OhridNews