Вториот дел од сезоната во Вардар Осигурување – Првата женска лига и Втората машка лига нема да продолжи на претходно закажаниот датум 19 Јануари.

Првенството се одлага и ќе стартува на втори февруари, за кога е закажан и почетокот на Првата машка лига.

Според распоредот екипата на Билјана 006 во првото коло од вториот дел од шампионатот треба да игра на домашен терен против Куамново.
 
Фершпед Работнички славеше над АМАК СП со 101:87 во пријателски натпревар,кој се одигра синоќа во Скопје.

Натпреварот е дел од зимската подготовка на овие две прволигашки екипи пред почетокот на втората натпреварувачка фаза.
 
МЗТ Скопје во пријателски натпревар со градскиот ривал Торус славеше со убедливи 137:70.

ohridnews