Новиот УО на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја одржа својата прва, конститутивна седница со која претседаваше претседателот Илчо Ѓорѓиоски.

На седницата УО на ФФМ го усвои пречистениот текст на Статутот на Федерацијата кој беше прифатен од Генералното собрание на  вонредната седница, која во неделата се одржа во Охрид.

На седницата беше разрешен Судискиот комитет при ФФМ и Комесарот за натпревари. Нов претседател на Судискиот комитет ќе биде Емил Божиновски, а нов претседател на Натпреварувачката комисија е Васко Дојчиновски.

На предлог на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски а со цел да им се овозможи на дел од клубовите да ја завршат процедурата за пререгистрирање во Акционерски Друштва, УО го одложи стартот на првенството во Првата МФЛ за 12. август. Втората МФЛ ќе стартува во предвидениот термин на 11. август.

Извлекувањето на натпреварувачките броеви за новата сезона ќе се изврши в понеделник на 6.август.

ohridnews