Првично планирано беше подготовките да започнат на 6 -ти Август, но поради репрзентативните обврски на новиот шеф Марјан Лазовски , подготовките ќе бидат одложени.
Лазовски кој е помошник во А-Селекцијата на Јовица Арсиќ, се наоѓа на подготвки на Боровец, Бугарија.
За очекување е подготовките да започнат веднаш по неговото враќање од Бугарија.
Охридскиот АМАК СП во новата сезона влегува доста амбизционо. Охриѓани најавија атак на една од двете титули од шампионатот, а и ќе играат во Фиба Челенџ купот против словенскиот Лашко.