Со официјална одлука на организаторите одложена е трката за Големата награда на Тајланд во мотоциклизам која требаше да се одржи од 20 до 22 март. Ден претходно одлука за одложување донесе Катар, каде требаше да започне новата сезона во мотоциклизмот.

Не можам да кажам дека трката ќе биде откажана, ќе биде одложена додека не пронајдеме нов термин за таа да се одржи. – изјави Анутин Чарнвираку.

Причините за одложувањето на мото трките е корона вирусот чие жариште доаѓа од истокот на земјата.

Новата сезона во Мото ГП ќе започне на трката Тексас за Големата награда на САД на 5 април.

OhridNews