Поради не подмирени долгови кон федерацијата на дел од клубовите, на два дена пред почетокот на новата 17. сезона, одложен е стартот на новото издание во елитното домашно кошаркарско натпреварување.

Првенството наместо в сабота ќе почне седум дена подоцна со цел да им се овозможи на скопските клубови период од пет дена за да ги исплатат долговите.

Неизвесна е судбината на Карпош Соколи и Поп Спорт, кои доколку до четврток не ги подмират обврските, ќе го загубат прволигашкиот статус.

Шампионот од 2007-ма Струмица и официјално соопшти дека не само што се откажува од учеството од Прва лига туку, целосно ќе престане да постои.

Предложено е КФМ, му даде шанса на Свети Николе, како третопласиран тим во 2. лига, да се натпреварува во најсилната конкуренција, откако Струмица и дефинитивно, го откажа своето учество.

Ohridnews