Судот во Милано го одложи судењето кое требаше да се одржи  во врска со барањето на Пандев за прекин на договорот со римски Лацио.

Адвокатот на Лацио го обвини македонскиот напаѓач дека минатиот јули изјавил оти веќе не е мотивиран да го носи дресот на Лацио, укинувајќи го на тој начин договорот со клубот.

Судскиот процес за случајот со Пандев ќе се одржи на 17 ноември. Ако судот одлучи дека вината е на страна на Лацио, Пандев ќе биде слободен и ќе може да си замине од клубот уште во јануарскиот преоден рок.

ohridnews