Поради големата трагедија што се случи во Тетово, каде во пожар во модуларната болница загинаа 14 луѓе, се одложува првото коло од новата сезона во ракометната Супер лига, кое на програмата беше денеска.
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Тиквеш, што требаше да се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“, е поместен за недела. Терминот на одигрување ќе биде објавен дополнително, информира ГРК Охрид.
Деветти, десетти и единаесетти септември Владата ги прогласи за денови на жалост во земјата и апелираше до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.
Г.М.