„Чалгија саунд систем“ ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската. Групата е формирана во 2006-та година од семинарот за чалгиска музика на Оркестарот Пеце Атанасовски во сорабтока со Профундус. Членовите на групата веродостојно ја пренесуваат традицијата, онака како што имале прилика да ја слушнат на некоја од ретките снимки.
Првиот деби албум на „Чалгија саунд систем“ кој содржи 18 чалгиски композиции, беше промовиран во 2010 година.