Одложен на неопределено време е почетокот на петтиот и решавачки натпревар помеѓу Црвена Звезда и Будуќност во финалната серија од регионалната АБА лига.

Загревањето на двете екипи го одбележаа серија инциденти. Најпрво еден од кошаркарите на Будуќност бил погоден со пластична чаша, а друг кошаркар го гаѓал камерманот под кошот. Играчите на Будуќност се повлекле од теренот со барање да се испразни трибината од каде беа нападни и гаѓани со пластична чаша.

Црвена Звезда и Будуќност забележаа по две победи на домашните натпревари, а „мајсторката“ во Белград ќе го одлучи новиот шампион во АБА лигата.

OhridNews