Германската Бундес лига нема да продолжи на 15 мај, откако канцеларката Ангела Мерка не даде зелено светло за спортски настани во земјата.

Новиот датум би требало да биде 22 мај, но и за него се чека амин од Меркел. Клубовите во Германија, тренираат со почитување на мерките и препораките и најверојатно тие ќе бидат први кои ќе продолжат со фудбалските натпревари.

Точен датум за продолжување има и во Турција. Тој е 12 јуни. Турција беше помеѓу последните земји која ги прекина спортските активности, а помеѓу првите која одреди прецизен датум за продолжување.

Србија исто така одреди што и како ќе прави со фудбалската сезона. Во најдобрата српска лига ќе се одиграат уште четири натпревари. Во нив треба да се дознае шампионот и целата разврска околу местата во Европа и опстанокот.

OhridNews