Силните снежни врнежи кои денеска го зафатија Охрид го одложија пријателскиот натпревар помеѓу Охрид и Тетекс. Од ЈП “Билјанини  Извори“ не информираа дека покрај одложувањето на денешниот натпревар, под знак прашалник се и одигрувањето на утрешните пријателски натпревари помеѓу Тетекс и Напредок, односно Металруг – Инџија.


Во Охрид на подготовки се наоѓаат повеќе фудбалски екипи, а лошите временски услови и тоа како ќе го пореметат како натпреварувчкиот ритам така и тренажниот процес на тренинзи.

Попладневните тренизи екипите на Металург и Тетекс наместо на терените на “Билјанини“ ќе ги реализираат во спортската сала, ние ќе направиме се` што е во наша моќ да ги оспособиме терените за непречено одвивање на подготовките на екипите – ни рече директорот на ЈП “Билјанини Извори“, Илче Каневчев.

М.П.