Вирусот ковид -19 создаде нови проблеми во Премиер лигата, кои резултираа со нов одложен натпревар. Три часа пред официјалниот почеток на мечот одложен беше дуелот помеѓу градските ривали Тотенхем и Фулам.
Во Фулам, последниве денови драстично се зголемил бројот на норозаразени фудбалери, членови на стручниот штаб и логистиката, а, од Премиер лигата ги прифатиле барањата на клубот мечот да се одложи. Очекувано, од Тотенхем беа разочарани од ваквата одлука која доаѓа непосредно пред почетокот на натпреварот.
Не е фер да дознаеме дека мечот се одложува три часа пред да започне. Ние веќе пристигнавме на стадион и дури тогаш сваќаме дека нема да се игра. Ова е недопустливо за најдобрата лига на светот. – изјави Жозе Мурињо.
Ова е втор натпревар за краток временскиот период кој е одложен поради зголемен број на новозаразени од вирусот ковид-19 во клубовите од Премиер лигата. Неодамна, одложен беше мечот на „Гудисон Парк“, Евертон – Манчестер Сити, а, прв натпревар кој се одложи беше средбата Њукасл – Астон Вила.
OhridNews