Мечот на сезоната за Охрид против Вардар Јуниор во деветтата рунда од Супер лигата е одложен и место викендов ќе се одигра во среда на 18 ноември со почеток во 18 часот, поради технички причини.


Охриѓани со триумф над Вардар во „Билјанини Извори“ кој е директен ривал за пласман во плефојфот ќе го направат клучниот чекор кон остварување на амбициите пред стартот на сезоната.

„Гладијаторите“ ќе имаат дополнителни неколку денови да се подготват за можеби најважниот натпревар во сезоната.

Двојки : Работнички – Металург 2, Металург – Пролет, Радовиш – Прилеп, Охрид – Вардар Јуниор, Пелистер – Борец.

Табела : Металург 21, Охрид 18, Работнички 18, Вардар Ј. 15, Прилеп 12, Радовиш 12, Пролет 9, Пелистер 6, Борец 6, Металург 2.

Мх.П.