Кошаркарскиот клуб АВ Охрид не отпатува за Тиват, каде требаше против екипата на Теодо да го одигра мечот од 18-та рунда во рамките од Втората АБА лига.

Натпреварот е одложен поради временските неприлики, лошата состојба на патиштата и големото количество на снег кое заврна во Македонија и на Балканот.

Мечот ќе се одигра на 15 март, а охридските кошаркари ќе имаат два дена повеќе да се подготват за дуелот со Шкупи кој се игра викендов во редовното коло од Првата лига.

OhridNews