Натпреварот помеѓу АВ Охрид и Пелистер кој требаше да се одигра денеска во 17 часот во втората рунда од плејаут лигата е одложен.
Клубовите со едногласна одлука на денешната седница на прволигашите одлучија да се пролонгира втората рунда односно да им се даде можност на клубовите должници да отплатат дел од долгот кон МКФ.
„Галебите“ и „пелистерци“ дуелот ќе го одиграат најверојатно в сабота во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews