Светскиот тренд на одложување на спортски натпревари, првенства и турнири поради коронавирусот дојде и во нашиот град, Охрид. Теквондо клубот Хваранг Фист и Македонската теквонди федерација го одложија турнирот со меѓународен карактер „Охрид Опен 2020“, кој требаше да се одржи на 22 март.
Поради ситуацијата со корона вирусот во регионот и по најновите дејства на Владата, меѓународниот Теквондо натпревар „Охрид Опен 2020“ кој требаше да се одржи на 22 Март во СРЦ Билјанини Извори, се одложува на неодредено време. Македонската теквондо федерација и Теквондо клуб Хваранг Фист од Охрид како организатори се придржуваат до препораките на МОК и Светската Теквондо федерација за одложување на сите натпревари на неодредено време. Се извинуваме на сите пријавени клубови и натпреварувачи, и знаеме дека на сите здравјето на нашите членови е поважно од секој освоен медал или награда. – стои во соопштението од клубот.
Минатата година на првото издание на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2019“ учествуваа најдобрите тековндисти од десеттина земји.
OhridNews