Видео состанокот на кој требаше да сретнат екипите и челниците од Премиер лигата заедно со премиерот Борис Џонсон и да дискутираат околу рестарт на сезоната е одложен.
Фудбалската сезона во Англија е прекината поради пандемијата на коронавирусот и не се знае дали, како и кога ќе продолжи. Според англиските медиуми, екипите и водечките луѓе на лигата на состанокот ќе го одредеа 3 јуни како финален датум за продолжение на фудбалските возбудувања.
Еден од предлозите е мечевите да се доиграат на неутрален терен, ако е неопходно. Шест клубови се спротиставиле на овој предлог, но за мнозинство во Премиер лигата требаат 14 клубови да дадат потврден одговор.
Пред прекинот на првенството, Ливерпул беше неприкосновен лидер на табелата а голема борба ќе се води за ТОП 4 и опстанок во Премиер лигата.
OhridNews