Второлигашите, кои требаше последното 34. коло да го играат на 1 јуни, ќе завршат ден порано, на 31 мај, заедно со прволигашите.
Овие последни рокади за сезонава во календарот, комесарот за натпревари во ФФМ Миле Спиркоски ги направи по барање на селекторите Сречко Катанец и Мирсад Јонуз, кои со сениорите и со тимот до 21 година ќе играат контролни натпревари на 26, односно 29 мај.
Сениорската репрезентација на Македонија од 19 до 27 мај ќе биде на мини-подготовки во Германија. Ројтлинген, во близината на Штутгарт е мегданот каде што на 26 мај „црвено-жолтите“ ќе одиграат тест-средба со Полска.