Најлошото нешто што можете да го направите во обид да постигнете идеална фигура е да го намалите внесувањето на храна до степен на изгладнување, а по прекинување на диетата да вратите двојно повеќе килограми од тие што сте ги изгубиле.
Наместо да претерувате со вашите диети, професионалната тенерка Венди Ларкин дава неколку совети за тоа како паметно да ги намалите килограмите без да чувствувате глад.
1.Вечерајте во чинија за салати, односно најмалата во вашата кујна. Илузијата на полна чинија без разлика на нејзината големина ќе ве направи да се чувтсувате полни иако сте внеле мало количевство храна.
2.Кога седнувате да јадете извадете ги само работите кои во целост планирате да ги изедете. Ако храната не ви е пред очи, односно единствената храна на видик е таа во вашата порција има многу помали шанси да се убедите дека мора да изедете повеќе.
3.Испијте чаша вода пред ручек и вечера. Водата не само што хидрира туку и го исполнува просторот во вашиот желудник па така ќе бидете сити со внесување на помало количевство храна.
4.Заменете го шлагот во вашето кафе со дупла доза пена од млеко. Со овој едноставен трик ќе избегнете внесување на дополнителни 100 калории во текот на денот.
5.Спијте најмалку осум часа секоја ноќ. Осум часа сон во голема мера ќе ви помогнат да ја избегнете кујната во вечерните часови.
6.Водете дневник за вашата исхрана. Можеби не сте свесни за работите кои ги “грицкате” во текот на денот, а откако ќе го видете тоа на лист харија полесно може да одлучите што може да биде исфрлено од вашата исхрана без никакви последици.
7.Носете јаболко во случај да ви се пријаде. Овошјето полно со влакна подолго се џвака,а со тоа се потикнува чувството на ситост.
8.Заменете го алкохолот со газирана вода со лимон. Откажувањето од акохолот е една од “жртвите” кои мора да се направат за смалување на килограмите.
9.Кога сте во можност одете пеш до вашата дестинација. Само 10 минутно пешачење дневно е доволно да ја потикне циркулацијата и да го намали чувството на глад.
10.Кога сакате нешто слатко најдобрата опција е овошен јогурт со ниска масленост.
Овие “правила” ќе ви овозможат да се ослободите од вишокот на килограми без премногу труд.