Членот на стрелачкиот клуб Охрид, Мартина Петровска е нов шампион во Македонија во јуниорска конкуренција. Таа првата позиција ја осигура со резултат од 402,5 кругови и обезбеди место во репрезентацијата на Македонија.
На втората позиција во истата категорија се најде Анастасија Мојсовска и таа како и Мартина Петровска обезбеди повик во македонската репрезентација. Јана Маркоска која долго време ја чуваше втората позиција во генералниот пласман на Државното првенство потфрли и падна на четвртата позиција.
На седмата позиција во јуниорска категорија заврши младата Јована Милевска, која повторно постави свој нов личен рекорд од 376.4 кругови. Уште еден неочекуван успех на Ангела Алексовска, која после речиси две години пауза повторно ги бранеше боите на клубот, па со резултат од 382,4 круга таа се пласира на третата позиција во категорија на сениорки.
Останува да видиме дали нашите јуниорки после ваквите резултати ќе бидат пријавени во екипна конкуренција на претстојното Светско првенство, што треба да се одржи од 22 до 29 јуни во Сул, Германија.
OhridNews