Одлични рецензии за новиот албум на Владимир Четкар доаѓаат од сите страни на планетата.
Престижната германска музичка страна ‘Sonic Soul’ неодамна објави рецензија за албумот ‘Let Us Be’ на македонскиот кантавтор.
Несомнено е дека македонскиот мулти-инструменталист и пејач ги користи своите раскошни таленти до максимум. ‘Let Us Be’ е ода на радоста во 8 дела, се вели во рецензијата.
Најголемата Американска музичка страна за соул музика, ‘Soul Tracks’ која е задолжителна станица за сите обожаватели на Соул музиката во светот, во својата рецензија го пофали на Четкар како константен квалитет кој секогаш испорачува елегантна Соул музика.
‘Let Us Be’ ги има сите елементи на ‘Yacht Rock’ стилот. Аранжманот е истовремено релаксиран и раскошен каде темелот од средно брзо темпо и лефтерна фанки бас линија ја носи тежината на гудачката секција, џез импровизацијата на клавијатурата како и гитарата, посочуваат.
Предходно во Јапонија каде ‘Let Us Be’ беше издаден ексклузивно до неодамна, новиот албум на Четкар беше прогласен како ‘Маестрален избор’ низ сите ‘Tower Records’ продавници во Јапонија под паролата „Не постои некој кој не го сака овој звук“.
Ниту надалеку прочуениот Англиско-австралијански ди џеј/продуцент Dr. Packer (Доктор Пакер) не остана рамнодушен на новите музички материјали на Четкар и веќе работи на два нови ремикса на авторската музика на Четкар кој ќе се издадат оваа пролет и лето преку Шкотската музичка куќа Only ‘Good Vibes Music’s.
OhridNews