Косата е едно од огледалата на здравјето, а во летните месеци различни препарати ќе ја направат тешка, или сонцето и солта ќе ја оштетат. Но, како и секогаш, најдобрите одговори на овие предизвици ги дава природата, па еве рецепт за две природни маски кои на косата ќе и го вратат здравјето и сјајот.

Природна маска против таложење на производи

Сода бикарбона најефикасно се бори против таложењето на производи бидејќи ќе ги разбие сите наслаги на вашата коса и ќе и го врати сјајот.

Состојки:
2 лажици сода бикарбона
малку вода

Подготовка и употреба:
Растопете ги двете лажици сода бикарбона во малку вода со мешање, нанесете на косата и оставете да делува 15-20 минути. Потоа исплакнете со млака вода и измијте ја косата со нормален шампон. Повторувајте го третманот секои две недели.

Маска од мед за обоена коса

Состојки:
Половина шолја мед
2 лажици маслиново масло
2 жолчки или четвртина авокадо

Подготовка и употреба:
Полека додавајте ги маслиновото масло и протеините во медот со постојано мешање, потоа полека и темелно нанесете на косата и добро втријте така што ќе биде рамномерно распоредена по целата коса. Оставете да делува 15-20 минути па исплакнете со млака вода.

Третманот може да се повтори еднаш неделно.

извор:metro-portal.hr