На неполна недела пред официјалниот почеток на Мундијалот во Египет, одлична информација пристигна за љубителите на ракометот во Македонија, откако телевизиските права за емитување на мечевите ги откупи националниот јавен сервис (МТВ).
Планот и програмата од страна на МТВ дополнително ќе бидат презентирани, но важно е што возбудувањата од светскиот ракометен собир ќе ги гледаме на македонската телевизија и македонски коментар.
Шлагот на тортата за оваа добра информација ќе биде билет за Македонија на СП. „Црвено жолтите“ се прва резерва, ако во случај некоја репрезентацијата се откаже или има проблеми со вирусот ковид -19.
Светското првенство во Египет ќе започне на 13 јануари, а, ќе трае до 31 јануари.
OhridNews