Охридската пливачка гордост Димитар Камнаровски имаше одличен учинок на интернационалниот спидо митинг во Холандија.
Камнаровски учествуваше во девет дисциплини и во сите успеаваше да влезе меѓу најдобрите десет. На четири заврши на четвртата позиција, на три на петтата позиција, а по еднаш се пласираше на осмата и деветтата позиција.
На завршниот митинг во Мастрихт за 2015 година учествуваат вкупно 690 пливачи од Белгија, Чешка, Германија и Луксембург.
Прво натпреварување за Камнаровски во Ногата 2016 година ќе биде на средината од јануари.
Ohridnews