Охридските јуниорки уште еднаш на дело го демонстрираа квалитетот во екипата завршувајќи на првите четири позиции на првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма кој се одржа во Скопје.

Од 50-тина натпреварувачки охриѓанки забележаа најдобри резултати и со право ги освоија сите награди. Најдобра во охридскиот состав беше Анастасија Мојсовска на првата позиција во јуниорска категорија со разултат од 576 испукани круга или четврта позиција во севкупна пласман жени. Мартина Петровска второпласирана со резултат од 569 испукани круга или шесто пласирана во севкупна категорија. Јана Марковска трето пласирана со резултат од 555 испукани круга и четврто пласирана во јуниорска категорија со 551 испукани круга заврши Јована Милевска.

Од охридскиот клуб повторно реагираат на оценувањето кое не е по светските стандарди. Во светот пукањата се оценуваат со децимали, а не со цели кругови и уште низа пропусти кои не се дозволиви за еден национален натпревар.

OhridNews