Будва овие денови е домаќин на Светското првенство во бокс за младинци на кое учествува и охридскиот боксер Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација во категоријата до 71 килограм.
Во првото коло тој за противник имаше репрезентативец на Чиле кого успеа да го победи со прекин во третата рунда.
Од самиот почеток двајцата боксери тргнаа офанзивно разменувајќи удари, при што на крајот од втората рунда резултатот беше изедначен. Во третата рунда Наум тргна уште поофанзивно каде до израз дојде неговата добра физичка подготвеност и задавајќи му повеќе силни удари на противникот го натера ринговниот судија да му брои во три наврати и автоматски да го прекине мечот при што победата му припадна на нашиот боксер.
Во следното коло Наум за противник ќе има боксер од Турција.
Г.М.